fbpx

Миноски ќе го објасни и денешното ново задолжување на граѓаните од 10.4 милиони евра повеќе од потребното, на денови пред новата Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Техничкиот министер за финансии, Кирил Миноски мора да им објасни на граѓаните зошто денеска ги задолжи граѓаните на Р.Македонија за 10.4 милиони евра повеќе од потребното, на денови пред формирањето на новата Влада.

На денешната аукција на домашни хартии од вредност, Министертсвото за финансии запиша нов долг од 20.9 милиони евра, иако за враќање оваа недела доспеваат само 10.5 милиони евра.

Укажуваме дека следува период во којшто темелно ќе се преиспитаат сите нетраспарентни задолжувања направени на товар на граѓаните. За сите евентуални злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност.

Скопје, 16.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести