fbpx

Груевски мора да престане да ја узурпира власта, граѓаните формираат нова Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Никола Груевски мора да се приземји, да разбере дека повеќе од една година не е премиер, дека ВМРО-ДПМНЕ поради него е изолирана партија и најважно, да престане да ја узурпира власта на штета на граѓаните.

Над 700.000 граѓани стојат зад легитимно формирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кои според Деловникот, Уставот и законите го избраа новиот собраниски претседател. Според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада на унитарна и европска Македонија. Тоа Груевски не може да го спречи.

Времето на узурпатори како Груевски заврши. Конструктивните политичари во ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека ќе најдат сила да се оградат од деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна и одговорна опозиција ќе ги поддржи демократските и реформските процеси во интерес на граѓаните и евро-атлантската иднина на Македонија.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести