Почитувани,
Ве информираме дека на утре 08.03.2025 година (недела) со почеток во 12:00 часот во Струмица, Форумот на жени на СДСМ организира марш по повод Меѓународниот ден на жената.
Маршот е нашиот глас со кој ја продолжуваме борбата за права и достоинство на секоја жена и девојка a оваа година Форумот на жени го одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.
Маршот започнува од кружниот тек кај улицата “Ленинова” во Струмица а завршува спроти зградата на општина Струмица (улица Благоја Мучето).
По завршување на маршот, свои обраќања ќе имаат:
– претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче,
– заменичката претседателката Фани Каранфилова Пановска, и
– претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.