fbpx

Не постојат никакви пречки, Иванов да постапи уставно и да го даде веднаш мандатот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова Влада веднаш да биде доделен. Ѓорѓе Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Р.Македонија. Државен интерес на граѓаните на Р.Македонија е да добијат Влада како што изгласаа којашто ќе ја придвижи земјата напред во евро-атлантските процеси и ќе обезбеди квалитетен живот за сите и тоа ќе се случи.

Ќе биде реафирмирана и Програмата на новата реформска Влада што ја гарантира унитарноста и независноста на државата.

На граѓаните на Р.Македонија итно им е потребно смирување на политичката и економската состојба во државата.

Тоа ќе го обезбеди новата реформска Влада.

Затоа ова е врвен државен интерес и секое спротивставување на мирен трансфер на власта повлекува одговорност.

Граѓаните сакаат Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО како дел од цивилизираниот демократски свет!

Македонија мора да оди и ќе оди напред!

Ги повикуваме сите во државата конструктивно да се вклучат во демократските процеси, што се незапирлив процес.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести