fbpx

Груевски себеси нека се брани, сваровски судството завршува, следува реизбор по европски пракси!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните ја одбранија правната држава со тоа што гласаа за демократските промени што веќе се случуваат.

Тие промени носат и нова реформска Влада којашто ќе обезбеди независно судство преку резибор на судии по најдобрите европски пракси.

Никола Груевски наместо да ги лаже и загрижува чесните судии кои ќе бидат ослободени од притисоците на фамилијата, нека се посвети на својата одбрана. Сваровски судството завршува.

Во Македонија правото ќе важи подеднакво за сите.

 

Скопје, 10.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести