Соопштение за јавност
Домашната и меѓународната демократска јавност јасно препознаа во претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговорен, совесен, посветен, чесен и способен лидер, кој сака, може и знае да придонесе за доброто на Република Македонија, за развој на регионот и на демократските процеси во цивилизираниот свет.
Граѓаните затоа масовно ги избраа промените во нашата држава што се случуваат, коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на сите луѓе во државата и ќе ја повлечат Македонија напред од изолацијата во којашто ја остави Никола Груевски цели 10 години за неговите криминални интереси.
Целата меѓународна заедница секојдневно изразува недвосмислена поддршка на новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и прeтседателот Заев во процесот на формирање на новата реформска Влада и тоа е следниот чекор во демократските процеси што се незапирливи.
Скопје 05.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА