Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод изборот на нова Влада на Бугарија упати честитки до премиерот на Р.Бугарија, Бојко Борисов.
„Во име на граѓаните на Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име, Ви го честитам изборот за премиер на новата Влада на Република Бугарија.
Ги поздравуваме вредностите кои за кои се залагавте пред и по изборот за премиер на Бугарија и сметаме дека токму заложбите за демократија, слобода и меѓусебно почитување се вредности кои силно ќе влијаат на натамошниот развој на Бугарија, но и на добрососедските односи во целиот регион, а особено на односите меѓу Македонија и Бугарија.
Граѓаните на Македонија силно го почитуваат вашиот личен придонес и придонесот и поддршката на Република Бугарија за евро-атлантските перпсективи на Република Македонија каде што Бугарија е почитуван партнер и сојузник.
Како добар пријател на Р.Македонија и како премиер на земјата пријател на Македонија, Р.Бугарија, очекувам дека во таа насока ќе ја продолжиме и ќе ја развиваме нашата соработка на повисоко ниво, во сите области од интерес на граѓаните на Р.Бугарија и Р.Македонија.“
Скопје, 04.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА