fbpx

Христоски: Јанева крати К 15, или свесно удира по вработените во образованието или се пресметува со политичките противници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христоски: Јанева крати К 15, или свесно удира по вработените во образованието или се пресметува со политичките противници

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на својот Фејсбук профил упати прашање до министерката за образование дали свесно удира по џебот на вработените во образованието и загрозување на нивниот статус, на сметка или на директна штета на учениците и родителите, превозниците или дали свесно удира кон нејзините политички противници, неистомисленици градоначалници по општините низ државата со блокирање на сметките на училиштата.
„Почитувани сограѓани моја обврска како градоначалник на Крушево е да ве информирам, воедно да ја информирам јавноста дека:
Министерката за образование за 2024 година ги остави вработените во двете основни училишта во општина Крушево без регрес или К-15 која е законска обврска, без средства за огрев, без средства за превоз на ученици, електрична енергија и без да дозволи вработување на котлар на старо финансирање, испразнето поради смрт. На ист начин се повторува во оваа тековна 2025 година, дотацијата е истата, не сметајќи го зголемувањето на платите на вработените, односно истите не се доволни за плати а камоли за останати оправдани трошоци, исто така очигледно не сака да ги трансформира професорите кои повеќе од 2 години веќе одат и предаваат во образовните установи на соодветните наставни програми и сл.
И покрај неколкуте апели, неколку пати писмено мое обраќање до Министерството за образование и Министерството за финансии, ЗЕЛС за наведената констатирана состојба и само таложењето на проблемите со скратување на блок дотациите и материјалните трошоци од година во година кон училиштата, на кои им се потребни на двете Основни училишта ,,ООУ Никола Карев” и ,,Кирил и Методиј” во Крушево сакам јавно да прашам после неколкуте добиени негативни неоправдани писмени одговори:
Дали со ова свесно се удира по џебот на вработените во образованието и загрозување на нивниот статус, на сметка или на директна штета на учениците и родителите, превозниците или дали со ова свесно се удира кон нејзините политички противници, неистомисленици градоначалници по општините низ државата со блокирање на сметките на училиштата за кои знаеме дека до сега работат со директна финансиска помош и поддршка од буџетот на општина Крушево, да не ја потенцирам и навраќам за затекнатата состојба до 2017 година во која се исплатени сите дотогашни долгови кон трети лица…
Поточно се работи за :
1.,,ООУНикола Карев” со 6 подрачни училишта, во кое следат настава:
626 ученици,
Наставен кадар :
59 неопределено
23 определено
14 тех.персонал
2 административни соработници
2 стручни соработници ;
2.,,ООУ Кирил и Методиј”
вкупно 114 ученици во три подрачни училишта,
31 вкупно наставен кадар
23 наставен кадар (17 неопределенои и 6 определено),
4 технички персонал,
1 стручна служба,
2 административна служба,
1 раководно лице – неопределено.

Исто така ја информирам јавноста дека до сега за помош и поддршка од буџетот кон двете општински училишта, општина Крушево наменски за огрев, греење, електрична енергија, превоз и материјални трошоци преку Советот има префрлено над 4милиони денари директна финансиска помош за која е должна претходно да ја исплати Министерството за образование.
До сега заедно со мнозинството во Советот на општина Крушево предводено од СДСМ, за разлика од нив и нивната неодговорност не ги оставивме ниту учениците без греење, ниту без превоз, основните материјални трошоци заради нормално одвивање на наставниот процес, заради нашите деца, но ниту вработените во училиштата без регрес!
Затоа уште еднаш јавно Апелирам до Министерството за образование преку нејзините служби за основно образование заедно со Министерката да реално ги увидат овие наши барања и основано издржливи потреби кои се насушно потребни и неопходни за да се зголеми блок дотацијата за основно образование преку наменската сметка во општина Крушево, за да не се загрози нормалното и успешно образование на учениците како не би се нарушил образовниот процес за неиспата на плати и надоместоци, преку блокирање на сметките на училиштата преку тужби од трети лица, на добавувачите и извршителите преку тековните а извршени тендерски постапки.“, се наведува во постот на градоначалникот на Крушево Томе Христоски.

https://www.facebook.com/share/p/15MgW8zDPh/

Последни вести