Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на деншената собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет, нагласи дека интерпелација во којашто еден дел од членовите на судскиот совет се виновни, а останатите 8 коишто се судии по вокација, коишто се оние заради кои судството има најмал рејтинг од 2% ќе останат повторно да можат да носат одлуки, е повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Судскиот совет и создава дискриминација помеѓу членовите во Судскиот совет.
„Повторно наместо да индивиуализираме, ние ја бараме колективната одговорност, иако јас ви тврдам дека постојат најголем број на судии и обвинители коишто се чесни и одговорни како и во секоја област од општесвеното живеење, а еден мал дел од нив со конкретна индивидуална одговорност ја градат перцепцијата со којашто на овој начин практично се губи довербата кај граѓаните и таа перцепција е сериозно лоша во овој момент. Сега, од една страна имаме сериозен напад врз судиите и судството, реторички, денеска влегуваме во сосема друг напад на законодавната врз судската власт, дерогирајќи го Уставот, а пред само неколку дена, гласаме закон за измена на Законот за работни односи и дозволуваме истите овие судии, коишто се „црни ѓаволи“ во Македонија, да можат да продолжат да работат уште 3 години. Ако е ова реформа, секоја чест! Веројатно со истите судии, ако можеме да продолжиме уште три години да работат, тогаш не биле проблем судиите. И ако е така еве да видиме како понатаму ќе му тргне на судството, со сите оние коишто ќе останат во судството“, рече Спасовски.
Во обраќањето Спасовски потенцираше дека сите пет интерпелации се исти, што го отвора прашањето дали и останатите членови на Судсскиот совет се недостојни да бидат во Советот.
„Со оглед на тоа дека овие интерпелации за петте членови во судскиот совет се исклучиво исти по форма и содржина, таму се покажува дека ниту еден од членовите во судскиот совет, нема конкретна одговорност, во однос на тоа што сакаме денес да го дебатираме или прикажеме, туку едноставно, се она што било направено како одлука на Судскиот совет се става на товар на членовите на судскиот совет. Дали на овој начин сакате да покажете дека и останатите 8 члена на судскиот совет којшто носеле одлука исто така не се достојни за вршење на таа функција којашто е во судскиот совет“, рече Спасовски додавајќи дека не се сите членови во Судскиот судии, и не носат судски одлуки, туку носат одлуки за судовите, одлуки за судиите, носат одлуки за дисциплински постапки и за разрешување на судовите.
Спасовски потнцираше дека денешните интерпелации преставуваат сериозен пресдан чишто последици ќе се видат подоцна.