браќање на Советникот на СДСМ, Владимир Бислимовски
СДСМ ќе го поддржи ДУП во Карпош без згради, да им се реши деценискиот проблем на граѓаните
Граѓаните цреши и банани не јадат овде во Карпош. Имаат ум. Кој зборува за згради. Зборуваме за суспензија на зградите. Јас за тоа зборувам. Зборувам да им се реши проблемот. Бидејќи не сте ме виделе, изгледа не одиме на исти места, ама ќе треба да одите за избори, тешко дека ќе ве примат.
Оние, онде, одзади, се ваши членови. Чекаат легализација за којашто не гласате, да им се решат животните проблеми. Оние 36 куќи, на Ловкенска, каде што не може трактор да се качи, а не пак човек или возило, нема да ве примат да дојдете. Затоа што пред парламентарните избори сте ги лажеле. Сами тоа го кажуваат. Еве појдете утре или после седницата, и кажете им дека не сте гласале да им се реши три деценискиот проблем. Тие луѓе не можат дома да си отидат, имаат деца, фамилии. Никој овде не зборува за згради, туку за човечки момент. Мене не ме интересира оној во задниот ред, што чека легализација, не ми е гајле дали е вмровец или за СДСМ, иако за вас гласале. Човечки е на тие луѓе на да им помогнеме. Политика во вакви работи нема. И не треба да има. Супстандардните ги знаете ондека на Прашка, за којшто ви зборуваше градоначалникот. А, може и заедно да појдеме кај луѓето, па ќе видите. Очигледно не сте отишле да ги видите, ниту тие од Карпош, ниту тие горе. Никој не е од СДСМ за згради, ние сме за народот да си ги реши проблемите.