fbpx

Граѓаните на Карпош не сакаат папаја и манго, бараат решенија за нивните имоти и СДСМ ги поддржува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на Советникот на СДСМ, Владимир Бислимовски

Граѓаните на Карпош не сакаат папаја и манго, бараат решенија за нивните имоти и СДСМ ги поддржува

Ние изминатиов период направивме доста средби со граѓаните на терен, особено во делот на Карпош 1 и 2, исто како и во Нерези и Жданец. Потребите на овие луѓе се јасни овде, особено на луѓето кои живеат во индивидуални објекти.

Овие луѓе не бараат грозје, папаја и манго, бараат да си решат проблемите на семејствата и фамилиите кои се зголемиле. Луѓе кои не можат да одвојат 2-3 илјади евра да купат стан во Карпош.

Луѓе коишто живеат под кирија. Само да ве посетам, дека дел од тие луѓе ви дале глас. Зборувам особено за советниците од ДПМНЕ. Затоа многу добро размислете дали ќе го поддржите овој план.

Разговараме и со дел од советниците, за жал вие не дојдовте и не го испочитувате претходниот министер на средбата, беа дел од советниците тука, од советнички групи. Сега топката е кај вас. Сега имате ваш министер. Ние ќе го поддржиме планот, но ќе ве замолам, вие да разговарате со вашиот министер, што побрзо да ги стокми документите, за да може на граѓаните од Карпош да им се излезе во пресрет. Сега нема бегање. Сега вие сте на потег.

Последни вести