Соопштение за јавност
Собранието на Република Македонија е одблокирано. Реализирана е мнозинската волја на граѓаните. Демократски формираното мнозинство во Парламентот го избра новиот претседател на Собранието. Демократските процеси продолжуваат и зад нив стојат најмалку 700.000 граѓани кои гласаа на кредибилните избори на 11 декември.
Ова е голем ден за демократијата на Македонија и голем чекор за демократските процеси во Република Македонија, што води кон квалитетен живот за сите и евро-атлантски перспективи на државата.
Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на никакви провокации.
Македонија оди напред.
27.04.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА