Соопштение за јавност
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да прифатат дека се опозиција и достоинствено да ја напуштат власта, што ја узурпираат четири месеци досега, без дозвола на граѓаните.
Лагите повеќе не поминуваат ниту кај граѓаните, ниту пак кај меѓународната заеница којашто повика на разум во интерес на стабилноста на Македонија и регионот и мирен трансфер на власта.
За сите е јасно дека постои само една платформа, тоа е криминалната ппатформа што преку лагите во јавноста, ја штити раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за да се обидат да си го спасат натрупаното богатство и себе си од правдата.
Предупредуваме дека разгорувањето етнички и меѓуетнички тензии, како и активности спротивни на државните интереси се тешки противуставни дела и повлекуваат сериозна одговорност!
Еве линк до Програмата на новата реформска Влада, единствениот валиден документ за граѓаните: http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=7681&lng=1
Никаде не пишува менување знаме, химна, грб, име, двојазични банкноти, употребата на јазиците е утврденајасно според потребите на граѓаните, предвидена е и заштита на Македонскиот јазик.
Денешната прес конференција на Крсте Јовановвски, како и сите други нарачани текстови на оваа тема по медиумите зависни од Никола Груевски, се лажни вести со цел да се предизвикува вознемиреност кај граѓаните и да се провоцираат тензии.
Има демократски формирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кои ја претставуваат волјата на околу 700.000 граѓани изразена на кредибилни избори.
Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија којашто обезбедува квалитетен живот и правда за сите и евро-атлантска иднина на Македонија.
Демократските процеси ќе ги одблокираме и ќе има избор и на нов собраниски претседател и на новата Влада.
Скопје, 22.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА