fbpx

И Богов призна штети врз економијата, мора да престанат неразумните блокади на демократските процеси!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само нова одговорна Влада е решение за лошата економска ситуација во којашто се наоѓаат граѓаните и Република Македонија.

Тоа го потврди и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој призна дека економијата не може да се развива поради политичката ситуација.

Затоа е потребно ВМРО-ДПМНЕ којашто ја предизвика политичката криза, веднаш да престане да ги блокира демократските промени и да ја загрозува егзистенцијата на граѓаните и на фирмите.

Безвредни се изјавите на министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски кој е принуден со манипулации да претстаува непостоечка реалност.

Светска банка во последниот извештај алармираше дека Македонија оваа година ќе биде земја со проектиран најнизок економски раст од само 2.8% во регионот!

ММФ предупреди дека зголемувањето на јавниот долг за 3.14 милијарди евра изминативе 10 години резултира со просечна стапка на раст од само 2.8% од БДП!

Последиците во земјава се слаба побарувачка од купувачите и пад на трговијата на мало за 2.5 проценти во јануари и февруари 2017 година во однос на лани! Индустриското производство е паднато за 1.9 проценти за истиот период! Градежништвото е паднато за 24 проценти во јануари 2017 во однос на јануари 2016!

Ова се причините поради коишто домашната и меѓународната јавност бараат итно да се овозможи формирањето на новата реформска Влада

Новата реформска Влада во Програмата се обврзува на транспарентни политики преку коишто одговорно ќе управува со парите на граѓаните и ќе овозможи економска стабилност за државата, граѓаните и за претпријатијата.

 

 

Скопје 22.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести