Соопштение за јавност
Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ можат само себе си да се тешат со платениците во нивната пропаганда.
Граѓаните знаат дека Македонија е на чекор до промените од режим во демократија, дека има стабилно парламентарно мнозинство од 67 пратеници, изгласано од околу 700.000 граѓани и дека во многу брзо време ќе бидат избрани новиот собраниски претседател и новата Влада.
Нема да успеат провокациите и сценаријата на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за насилства со коишто мислат дека можат да се спасат од соочување со правдата. Граѓаните нема да му дозволат на Груевски да прави Либија од Македонија.
Тоа што медиумската пропаганда стана недоволна за Груевски и тој мора да бара фрустрирани поединци да лажат, е одраз на очај на ракодството на ВМРО-ДПМНЕ и говори за распад на системот што го одржуваше Никола Груевски.
Скопје 19.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА