fbpx

Заедно ги почнавме промените и заедно ќе ги овозможиме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Празниците како овој голем христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, се поттик да се потсетиме на нашите должности како граѓани. Тоа значи грижа за себе, но и почит, грижа и разбирање и за луѓето со кои го споделуваме животот. И одлучност за развој на државата во којашто живееме, во општество каде секој може да биде среќен.

Македонија ја има шансата да се придружи на демократскиот свет.
Граѓаните на Македонија се пред шансата да го живеат својот живот, по своја сопствена волја, без директиви, уцени, притосоци, спокојно и среќно.

Ниедна голема промена не е лесна.
И не се случува наеднаш.
Заедно ги почнавме промените што водат до квалитетен живот за сите, правда, слобода, еднаквост и заедно треба да ги овозможиме.

Oдлучивме да живееме заедно. Избравме живот за сите.
Тоа значи дека сме свесни за тоа што ни е потребно.
Но тоа значи и обврска заедно да ги понесеме промените.

Промени ќе има. Тие го носат животот што го посакуваме.

 

Скопје, 16.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести