fbpx

Владата да не ги игнорира добрите здравствени политики на СДСМ, за здраво општество потребна е одговорна власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата да не ги игнорира добрите здравствени политики на СДСМ, за здраво општество потребна е одговорна власт

По повод Светскиот ден на здравјето, Форумот на жени на СДСМ организираше панел дискусија на тема „Здрави почетоци, силно општество“, посветена на актуелната состојба на здравствениот систем и значењето на здравите почетоци за секоја држава. Специјалистите и експертите на панелот, меѓу кои и проф. д-р Маја Мојсова Миовска, проф. д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Маја Манолева, споделија свои искуства како и постигнувањата во здравствениот сектор за време на владеењето на СДСМ.

Проф. д-р Ана Данева Маркова посочи дека со доаѓањето на власт на СДСМ во 2017 година, здравствениот систем беше во критична состојба, со катастрофални показатели за перинаталната и неонаталната смртност. Преку вложување во мајките и новороденчињата, и преку донесување на стратегија за подобрување на здравствената грижа, постигнати се значајни резултати. Перинаталната смртност е намалена трипати, а неонаталната смртност од 9 на 0,9 за 2023 година.

Проф. д-р Маја Манолева истакна дека добрите здравствени политики на СДСМ не се само инвестирање во здравјето, туку и во иднината на општеството. „Здравиот почеток не е привилегија, туку право на секој новороденчен, а здравото општество започнува со грижа за најмладите,“ додаде Манолева.

Денес многу од овие политики и напори не се продолжени или дури запоставени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај значајните резултати кои ги постигневме за унапредување на здравствената грижа, скоро година дена здраствениот систем е во застој. Владата не покажува истата посветеност и континуитет во имплементацијата на клучните политики кои придонесоа за намалување на смртноста и подобрување на условите за здравје на мајките и новороденчињата, но и за основни потреби на лицата со инсулинска терапија кои последнава година се соочуваат со недостаток на инсулин.

Д-р Маја Мојсова Миовска истакна дека трансплантацијата е врниот дел од медицината коишто укажува дека здравствениот систем има достигнато ниво за да се видат ефектите од трансплантациската медицина, која за жал уште е само како програма во Министерството за здравство, иако пред 5 години стигнавме до некое ниво кога беше првото срце трансплантирано во Македонија, со кое се подигна и свеста кај граѓаните.

„Стигнавме до одредено ниво и за жал не успеавме да го довршиме тоа. Не гледам дека нешто се поместува во моментот, не треба да се напуштат претходните добри политики на СДСМ и веќе обучените кадри и тимови, нивното знаење треба да се искористи и системот кој веќе го воспостави СДСМ треба да продолжи“, додаде д-р Мојсова Миовска.

СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни мерки за развој и унапредување на здравствениот систем, систем кој инвестира во здравјето на луѓето и кој има за цел да обезбеди здраво и силно општество. Граѓаните заслужуваат нормални и достоинствени услови за здравствена грижа, а тоа не може да се постигне без конкретни политички решенија и отсутност на визија.

Последни вести