Соопштение за јавност
Субвенции за велосипеди за граѓаните и вистински мерки за заштита на животната средина ќе спроведат новите власти на централно и локално ниво.
Коце Трајановски, кој во соработка со Никола Груевски за тендери и криминални интереси направи од Скопје најзагаден град во Европа, нема морално право на заминување да најавува што било.
Мерката за субвенционирање велосипеди што ја ветува Трајановски не е доволна за промовирање на велосипедизмот и здрав начин на живот во Скопје.
Граѓаните знаат дека токму Трајановски овозможи да отидат милиони евра нивни пари за непотребни панорамски тркала, лажни барокни фасади, камен, наместо да се грижи за нивното здравје.
Така беше и со субвенциите за печки за пелети, наменети само за 200 семејства.
Граѓаните на Скопје на локалните избори ќе го казнат неодговорното и недомаќинско работење на Трајановски и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и ќе изберат нови одговорни власти кои вистински ќе се грижат за реалните потреби на граѓаните.
Скопје, 11.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА