Соопштение за јавност
Никола Груевски не е народот! Груевски е никој, бидејки никој не сака да коалицира со него и 100 изборни циклуси да има. Тоа е волјата на граѓаните.
Никола Груевски знае дека повеќе не е фактор и затоа измислува непостоечки теми, поттикнува нестабилност, ги вознемирува. Мисли дека така може да стане фактор. Сака да седне на преговарачка маса и да се пазари за амнестија.
Нема пазар со криминалци! Ќе има промени и правда! Итно е потребен мирен трансфер на власта!
700.000 граѓани преку своите 67 избрани пратеници формираа легитимно парламентарно мнозинство. Парламентраното мнзинство застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев како мандатар. Тој ја објави Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија.
Следен чекор во демократскиот процес е избор на нов собраниски претседател и формирање нова реформска Влада на граѓаните во брзо време.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА