fbpx

Демант на Журнал: Лагите на Груевски нема да ги запрат промените и одговорноста за криминалите во Аеродром!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумите под контрола на Никола Груевски не можат со лаги да ги запрат промените коишто носат правда и одговорност за работењето на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ на штета на интересите на граѓаните.

Тотална лага е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев или членови на неговото семејство имале удел во некаква фирма за што пишува во лажна вест порталот Журнал, пренесена и од други медиуми под контрола на Груевски.

Порталот Журнал и медиумите што ја објавија лажната вест се должни да се извинат. Во спротивно ќе бидат поднесени соодветни тужби.

Граѓаните на Аеродром на дело ги гледаат криминалите на Ивица Коневски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа реагираат и секој ден се пред општината за повлекување на спорниот ДУП И10, со којшто за криминални бизнис интереси се уништува воздухот и здравјето на граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да ги поддржува граѓаните кои нема да дозволиме да бидат заложници на Коневски и урбаната мафија. Спорниот ДУП ќе мора да биде повлечен.

 

Скопје, 11.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести