Соопштение за јавност
Ќе има сериозна ревизија за долговите што ги прави јавниот сервис, Македонската радио телевизија!
И според најновата должничка листа на УЈП, МРТВ должи 1.4 милиони евра за неплатен данок на добивка, а милионски долгови имаат голем број државни и јавни претпријатија, и институциите ги толерираат.
И тоа додека илјадници граѓани заради неплатена радиодифузна такса секојдневно да се соочуваат со блокирани сметки и извршители на врата!
ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ги кочи демократските процеси, поттикнува неодговорно работење на јавниот сервис МРТВ, не дозволуваат да се укине радиодифузната такса како давачка за граѓаните, го продолжуваат несовесното работење нивните кадри во претпријатијата кои тонат во уште поголеми долгови на штета на граѓаните!
Затоа е итно потребно да се формира новата реформска Влада во Р.Македонија којашто ќе обезбеди траспарентно и одговорно работење на јавните претпријатија, ќе ги ослободи граѓаните од плаќање на радиодифузната такса и ќе овозможи МРТВ да биде јавен сервис во служба на граѓаните, финансиран од Буџетот на Р.Македонија.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА