fbpx

Новата Влада ќе обезбеди вработувања и помош за фирмите, Груевски не е никаков фактор!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нови вработувања ќе има. Ќе има огромна државна поддршка за домашните препријатија. Ќе има реални странски инвестиции. Но сето тоа ќе го обезбеди новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија.

Никола Груевски нема морално право што било да ветува на граѓаните на Македонија.
Тој остави повеќе од 500.000 граѓани под работ на сиромаштијата. На домашните фирми им даваше по 2 евра годишно државна помош. Донесе криминалци како Субрата Рој наместо реални странски инвестиции.

И најглавното. Никола Груевски изгуби! Не е премиер. Не е никаков одлучувачки фактор. ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.

700.000 граѓани преку своите 67 пратеници го формираа новото парламентарно мнозинство, коешто многу брзо ќе ги избере новиот собраниски претседател и новата реформска Влада на унитарна и напредна Република Македонија.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести