fbpx

И Извештајот на Светска банка упатува дека е итно потребна новата Влада во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извештајот на Светска Банка потврдува зошто за економијата и за граѓаните е итно потребно да се овозможи избор на новата реформска Влада.

Светска банка проектира најнизок раст на економијата за Македонија од земјите во регионот од само 2.8% во 2017.

И Светска банка како и другите меѓународни финансиски институции посочува дека итно е потребна фискална консолидација и нормалзирање на нивото на јавен долг.

Ваквата влошена состојба во економијата меѓудругото е резултат на одолговлекувањето на политичката криза од страна на Ѓорѓе Иванов кој одбива да ја исполни својата уставна обврска да го даде мандатот на декларираното мнозинство од 67 пратеници и од блокадата на Парламентот од страна на маратонските реплики и контра реплики на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои со ова се обидуваат да го штитат Никола Груевски од оговорност за криминалот на директна штета на граѓаните и на целокупната економија.

Над 700.000 граѓани гласаа за промени, нивната мнозинска волја мора да биде испочитувана! Македонија и економијата мора да се движат напред! Ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада, а за сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност!

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести