ОГЛАС за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ
Врз основа на член 39б од Статутот на СДСМ и член 20 од Статутарната одлука за организациона поставеност и односите во Форумот на жени на СДСМ, Одлуката за распишување на избори на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ, како и Упатството и роковникот за постапката, начинот и критериумите за самокандидирање и избор на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ, усвоени на првата седница на Извршниот одбор на Централниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, одржана на 14.04.2025 година, се објавува
О Г Л А С
за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членки на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ. Членките кои поднесуваат кандидатура, е потребно да ги исполнуваат критериумите од Упатството за постапката и начинот на самокандидрање при избор на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ:
- да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина;
- да бидат членки на СДСМ во моментот на поднесувањето на кандидатурата;
- да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;
- да имаат јасна визија за идниот развој и делување на Форумот на жени на СДСМ на локално ниво;
- да поседуваат силни политички и организациски способности;
- да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа;
- да поседуваат вештини за јавен настап;
- да се однесуваат со почит и толеранција кон сопартијците.
Заинтересираните кандидатки своите предлог програми за работа и биографија треба да ги достават најдоцна до 04.05.2025 година до претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во седиштето на партијата ул. „Бихаќка“ бр.8, Скопје или на електронската адреса: forumzeni@sdsm.org.mk.
Дополнителни информации и обрасци (стандардирзирана биографија и насоки за програма за работа, пријава за самокандидрање и Упатство и роковник за постапката) се објавени на огласната табла во општинските организации на СДСМ и на веб-страната на СДСМ: sdsm.org.mk.