Соопштение за јавност
Ниту Елизабета Канческа-Милевска, ниту Коце Трајановски нема што веќе да им даваат лажни ветувања на граѓаните.
Канческа-Милевска ги брои последните денови во узурпираната министерска фотелја, пред да ја предаде на новата реформска Влада на граѓаните која ќе биде избрана во Собранието.
Трајаноски го завршува својот мандат а Скопје ќе добие нов градоначалник кој ќе се грижи за реалните потреби на граѓаните.
Канческа-Милевска и Трајаноски единствено ќе останат запаметени по преплатениот криминален проект Скопје 2014, по стиропорот, по палмите, по врбите и по плажите, платени со милионски суми, пари на граѓаните, за што ќе има одговорност.
На граѓаните им е преку глава од лагите за Универзалната сала. Во 2013 година Канческа-Милевска и Трајаноски објавија дека не е возможна реконструкција и надградба и објектот треба да се урива, а сега најавуваат негова реконструкција. И тогаш и сега се плаќаат пари на граѓаните за идејни решенија, а од ветувањата нема ништо.
Доаѓа крајот на расфрлањето со пари на граѓаните. Новите одговорни власти ќе се водат од потребите и интересите на граѓаните, со цел заштита на културно-историските објекти и објектите од значење за граѓаните.
Промените доаѓаат. Ќе има нова реформска влада, и нова локална самоуправа и во Град Скопје.
Скопје, 29.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА