fbpx

Миноски ќе одговори за сите задолжувања, и за најновото од 6.56 милиони евра!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Недозволиво е Министерството за финансии во период на формирање на новата реформска Влада да продолжува со неконтролираното и нетранспаретно задолжување на граѓаните и идните генерации.

Министерството за финансии денеска ги задолжи граѓаните со нов нето долг од 6.56 милиони евра.

Техничкиот министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски ќе мора да објасни пред граѓаните за што ги задолжи со нови 6.56 милиони евра, ако се знае дека оваа недела нема доспеани обврски за враќање.

На граѓаните им е итно потребна новата реформска Влада којашто транспарентно и отчетно ќе раководи со нивните пари, којашто детално ќе ги преиспита нетранспарентните задолжувања што ќе имаат обврска да ги враќаат граѓаните и којашто посветено ќе работи на стабилизација на нивото на јавен долг.

Скопје, 28.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести