Соопштение за јавност
Петровска: Ново нормално со Тошковски – во двор на полициска станица испукани 60 куршуми
За овој период од 15 месеци бројот на убиства, особено во главниот град, во централното градско подрачје, станува се почесто. Последното убиство е фрапантно. Во дворот на најголемата полициска станица во Скопје на Битпазар беа испукани повеќе од 60 куршуми. Ова е новото нормално со Тошковски истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.
Петровска додаде дека по логиката којашто ја слушавме во изјавите за Кочани, најверојатно за ова убиство ќе биде виновен производителот на оружјето, а не кој што тој што го користел.
Петровска се осврна и на хаосот во сообраќајот и загинувањето на младата Фросина, кое беше злоупотребени за најава за драстични мерки во сообраќајот, особено во делот и на превенција, меѓутоа и казнувањето, ама секое чудо за три дена.
После неколку дена, секојдневно во Скопје и тоа е во билтенот на МВР, се случуваат сообраќајни незгоди, помали или поголеми, со смртни или без смртни последици. Вчерашниот скандал со братот на градоначалникот кој градоначалникот исчезна некаде е доказ дека сево ова е фарса што го правите. Се ви е реклама, се ви е ПР и тоа за жал граѓаните скапо го плаќаат. Многу често и од вас и од колегите пратеници ја слушаме добро познатата замена на теза, а тоа е дека ние сме биле против вас затоа што замислете сме се плашеле од неселективната борба против криминалот и корупцијата. Која неселективна борба? Таа кога ја кренавте рампата за Артан Грубин како господин да си ја помине границата?, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.