fbpx

Петровска: Со Тошковски хаос се случува во МВР, партизација и деградирање на професионалците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Петровска: Со Тошковски хаос се случува во МВР, партизација и деградирање на професионалците

Состојбата во МВР е запрепастувачка и загрижувачка. Овој хаос што се случува низ улиците е резултат на непочитување на хиерархијата на двојните команди. кои се издаваат во Министерството за внатрешни работи, кои го прават ваши партиски структури и со тоа ја попречуваат работата во министерството, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.

Петровска нагласи дека високи полициски службеници кои во минатото биле наградувани, кои биле кои успешно воделе сериозни полициски операции без дисциплински постапки, спротивно на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, се деградирани и од началници на посебните полициски единици се направени инспектори за кражби, инспектори за сообраќај.

Ги пуштивте на улица тие коишто до пред некоја година апсеа и работеа против криминалците. Може да ви е вас смешно, ама јас не сум виновна за селективната меморија колеги која ја имате. Постојат докази, постојат евиденции во Министерството за внатрешни работи кога кои полициски акции биле изведени. Ова ваше однесување дека светот почнува од вас е многу погубно за државата, ама и за вас самите. Ова што денеска го гледаме е всушност резултат на ваквото однесување, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска од собраниската говорница.

Последни вести