Соопштение за јавност
Филипче: Анкетите на Маркет Вижн се платени од Владата, разликата ни одлиску не е точна
Анкетата за рејтингот на Маркет Вижн е нарачана од Владата и тоа не се реални резултати, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното интервју во вестите во ТВ Аласат М.
„Сметаме дека тоа не се реални резултати, поради тоа што не се софпаѓаат со некои резултати од други извори. Имавме презентација на една друга анкета изработена од цеосно независен институт. Имаме наша партиска анкета којашто ќе заврши и ќе биде целосно готова следната недела. Меѓутоа првичните резултати покажуваат дека вистинскиот рејтинг на партиите, таа разлика е далеку од тоа што Владата сака да го прикаже“, рече Филипче.
Во интервјуто на прашањето дали СДСМ е подготвена за избори, Филипче посочи дека партијата е подготвена за било какви избори, било тоа да се само локални или и локални и парламентарни избори.
„Партијата е во се подобра кондиција. Многу сме внимателни во процесот на консолидиција и јас лично го водам тој процес. Тој процес се темели на разговори со огромен борј на наши членови. Се обидуваме да изградиме систем и контурите веќе се подготвени. Тоа значи да се изберат најдобрите кандидати за локалните избори, да бидеме преставени со луѓе коишто влеваат доверба, имаат доверба од својата околина, од своите пријатели, од своите сопартијци, меѓутоа и од граѓаните коишто живеат во тие општини. Луѓе кои што може да испорачаат и луѓе кои што имаат кредибилитет да излезат пред граѓаните и да имаат капацитет да ја спроведат програмата со којашто ќе излеземе на локалните избори“, рече Филипче.
При тоа, тој додаде дека во изборната програма на СДСМ за локалните избори, ќе доминираат неколку сегменти како што се чистата околина, спортот имајќи ги предвид потребите на младите луѓе, обновата на инфраструктурата во градовите и други области од интерес на граѓаните и за напредок на општините.