fbpx

Единствен документ на граѓаните е Програмата на новата Влада, Груевски не е фактор!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Програмата на новата реформска Влада предводена од СДСМ е единствениот документ што е во интерес на сите граѓани на Македонија и ја гарантира унитарноста на државата.

За Никола Груевски следува период на соочување со документите и аргументите што го докажуваат грабежот и криминалот на неговото владеење и уништувањето на Македонија.

Ефектите од неговите документи 10 години го уништуваат животот на луѓето и го блокираат развојот на Македонија.

Над 700.000 граѓани очекуваат што побрзо да се избере новата Влада која што ќе обезбеди правда за сите, квалитетен живот за сите и заедништво. За тоа гласаа на изборите и затоа застанаа со 67 пратенички мандати зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Никола Груевски мора да ја прифати реалноста дека тој повеќе не е фактор на одлучување туку се граѓаните. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со одговорноста.

Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада. Така избраа граѓаните на Република Македонија.

Скопје, 20.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести