Соопштение за јавност
Граѓаните и домаќинствата ќе добијат лесен и брз пристап до природен гас и тоа ќе го овозможи новата реформска Влада според мнозинската волја на граѓаните, онака како што е предвидено во Програмата на новата Влада.
Никој повеќе не верува на празните ветувања што ги дава Никола Груевски за гасификација на Македонија затоа што имаше цели 11 години, а тој ништо конкретно не направи за ова прашање. Негов интерес беше неговото лично богатење и на поединците околу него.
Груевски и ВМРО ДПМНЕ мора да ја прифатат реалноста дека се во опозиција и веднаш да овозможат мирен трансфер на власта за да можат реалните политики во интерес на граѓаните час поскоро да се реализираат.
Скопје, 17.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА