Соопштение за јавност
Aко ВМРО-ДПМНЕ сака унитарна и суверена Република Македонија и се грижи за потребите на граѓаните, треба веднаш отворено да ја поддржи Програмата на новата реформска Влада, да прифати дека е опозиција и да овозможи мирен трансфер на власта.
И за домашната и за меѓународната јавност е јасно дека ова што го прават Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето поделби меѓу граѓаните, омраза и нетрпеливост, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност.
За колку несериозни политичари станува збор, кои не мислат на своите граѓани, покажува однесувањето на Ѓорге Иванов, за кого државен приоритет не е формирањето Влада, туку неговите прошетки по Азербејџан, Унгарија и Австралија.
Од денеска и Емил Димитриев кој извршува функција технички премиер, не е во државата.
Во услови кога нема нова Влада, Собранието нема претседател, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се ориентирани кон сценарија на конфликтност, ова е крајно ризично и бара итно отрезнување на креаторите на кризата и многу брза разврска на политичката криза.
Институциите мора веднаш да се формираат и државата мора да профункционира според мнозинска волја на граѓаните.
Република Македонија мора да ја добие и ќе ја добие новата Влада којашто ќе ја гарантира стабилноста, безбедноста и добрата иднина на граѓаните и на државата.
Скопје, 16.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА