Соопштение за јавност
Лажна вест е текстот на Курир преку којшто Никола Груевски сака да ја вознемири администрацијата, како што со денови ги вознемирува граѓаните, поттикнува поделби и нетрпеливост со цел да ја продлабочи политичката.
За вработените во администрацијата, како и за сите граѓани, за целата домашна и меѓународна јавност е јасно дека сето тоа Груевски и раковоството на ВМРО-ДПМНЕ го прават за лични цели, со цел заштита од одговорност за криминалите.
Вработените во администрацијата добро знаат низ какви притисоци работат и живеат цела деценија токму поради Груевски и несовесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Програмата на новата реформска Влада на Република Македонија, јасно стои дека администрацијата ќе биде заштитена и ослободена од какви било партиски стеги. Промените носат живот за сите, затоа и мнозинството граѓани ги избраа на изборите на 11 декември.
Скопје, 17.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА