Соопштение за јавност
Неопходно е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во интерес на граѓаните и на државата да се вразумат, да ја прифатат реалноста дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.
Вознемирувањата на деца, ученици, на граѓани со лаги за да излегуваат на протести, поттикнувањата поделби, насилства, омраза меѓу граѓаните, има за цел само заштита на криминално стекнатото богатство и обид за бегство од одговорност на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Целата домашна и меѓународна јавност знае и гледа дека постои само еден документ – Програма на новата реформска Влада, којашто гарантира унитарна и суверена Република Македонија и обезбедува конкретни мерки за сите клучни потреби на граѓаните.
Институциите на системот мора веднаш да се формираат и државата да профункционира според мнозинска волја и потребите на граѓаните.
Скопје, 17.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА