Соопштение за јавност
Недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело!
Најостро ги осудуваме притисоците како тој на директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, кој денеска, како што можеше да се види од видеото кое што излезе во јавноста, прави притисок врз ученици да протестираат. Институциите се должни веднаш да реагираат.
Новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби.
Скопје, 15.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА