Соопштение за јавност
Ја осудуваме провокативната реторика во изјава на пратеничката од албанскиот Парламент, Месила Дода, што се однесува на Република Македонија, а којашто не е во духот на градењето добрососедски односи и меѓусебно почитување меѓу две соседни земји.
Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности за коишто се заложуваме.
14.03.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА