Соопштение за јавност
Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?
Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната собраниска седница постави пратеничко прашање до министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во врска со поддршката за земјоделството и ветените нови мерки. Тој потенцираше дека земјоделците веќе една година чекаат на реализација на нови програми, политики и мерки кои беа најавувани од владината коалиција, но досега не се реализирани.
Во продолжение интегрален текст на прашањето:
Помина една година во која што чекаме што ќе се случи. Нови програми, нови мерки, нови политики, ветувања од програмата на владејачката коалиција и еве едно резиме на состојбите и работите и земање предвид на она каде што имаме соодветни проблеми или каде што Владата ветила едно, а воопшто тоа не се случува.
Една година во коja што, да не зборам што се направивме од 2017 до 2018, да не биде тоа злоупотребено, меѓутоа период во којшто требаше да се види нова енергија, нови мерки, нови политики и тоа ќе беше од интерес на сите, заради тоа што тогаш ќе се враќаше и вербата кај луѓето во целокупниот сектор.
Но, една година нема ниту една нова мерка, нема ниту една нова политика, нема ниту една нова програма. Значи ни мерка, ни политика, ни програма, односно повторување и континуитет на политиките коишто сите беа критикувани. И за коишто може исто така да збориме многу, како беа критикувани зелената нафта, интервентниот фонд, школски шеми, модел на субвенционирање на тутун по класи, национални саеми, големите проекти коишто започнаа во министерството, дури и креативите на министерството се исти, не се променети од претходно.
Јас тоа го поздравувам, исклучиво затоа што тие мерки и политики што се во полза на граѓаните треба да продолжат. И ние еднаш држава ќе бидеме кога ќе престанеме, како во 90% од областите, да плукаме по сè она што некој претходно го правел и дека сè од нас почнува и сè почнува од нула и ќе измислуваме повторно топла вода.
Односно кога ќе почнеме да ги продолжуваме континуитетите на политиките. Но имаме многу враќање назад и имаме многу укинување на мерки и програми.
Го укинавте моделот за субвенционирање, којшто обезбедуваше за првпат модел на субвенционирање не на сите 85 култури туку на одредени 25 култури коишто се битни во 100% поддршка. Најголемата критика од сите страни, авансната исплата којашто за првпат до крај на годината земјоделците добиваа субвенции. Овој модел претставуваше елиминирање на сивата економија, а сега со враќањето на стариот модел, немате нов, туку го враќате стариот – повторно се зголемува просторот за сива економија. Дајте прво да се евидентира производството. Да се знае за кое производство се плаќаат субвенциите. Не. Сега се враќаме по старо. Ги намаливте субвенциите кај кравите од 12 на 8 денари, нема акредитација една година на ниту една нова мерка од ИПАРД. Укината е мерката за предадено јагне во кланични капацитети, која е одлична и перфектна според и земјоделците и сточарите и според нас. Укината е програмата за мали семејни винарии, најголемата реформа за којашто сум подготвен до крај да се борам.
Укината е мерката за ситниот ориз. Имаме огромен број на неисплатени субвенции, меѓутоа тоа го оставаме да тече во континуитет.
Нема ниту една нова мерка во програмата за рурален развој која е објавена. Имаме само 6 повици во една година, а сме имале 18 повици во претходните години годишно.
Но, направивте една работа – го покачивте лимитот за големите компании, како од времето на Груевски. Наместо да го намалиме и држиме на 300 илјади евра како што беше, го зголемивте на еден милион евра и знаеме колку и кои компании ќе добијат огромен износ на субвенции.
Нема ниту еден закон реформски во собранието.
30 закони чекаат во работните групи на министерството. Во претходниот состав кажав дека заеднички донесовме многу закони. Меѓутоа овде една година чекаме еден реформски закон да стигне од сите оние закони коишто се во процедура.
Затоа првото прашање ми е до министерот, ги знаеме и новите индикатори и резултатите.
Да не калкулираме со бројки, моето прашање е: кога да очекуваме нови мерки и политики? Кога тие се очекуваат, а да не се потпираме само на сите оние реформски политики коишто се донесени во претходниот период?