fbpx

Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во врска со мерките зелена нафта и здрав оброк во училиштата и градинките, кои беа воведени од Владата предводена од СДСМ.

Во продолжение интегрален текст на прашањето:

Второто прашање се однесува на програмите за зелена нафта и здрав оброк. Велите дека овие две мерки и програми сериозно ќе бидат модифицирани. Дека овие се прво изворни мерки на СДСМ од програмата од претходниот период. Велевте дека сериозно ќе бидат модифицирани и зелената нафта каде што 100% исплаќаме кон земјоделците, онаа европска политика на коja постојано и наоѓате мани, а тоа е за поттикнување на потрошувачката, односно здрав оброк за децата во училиштата и градинките.

Тоа е европска политика којашто успеавме системски да ја решиме и воспоставиме, и сметам дека треба исто така да биде продолжена.

Меѓутоа, се реализира ли тоа што го велите? 15 април е законскиот рок за објавување на едната програма – не ја објавивте за набавка на овошје во градинките. И еве ги двете програми во 2024 и 2025 година, нема ниту еден збор променето.

Ниту програмата којашто сме носеле тогаш, ниту оваа програма којашто ја предлагате сега. Значи, нема никаква измена во програмата. Не направивте измена, меѓутоа нека биде донесена заради тоа што ќе треба набавка на кајсии и круши, ќе треба и сите оние производи коишто се наведени во програмата, а за коишто не знам дали ќе има време да бидат реализирани.

Еве ја уредбата за зелена нафта каде што велевте дека драстично ќе биде променета оваа мерка на СДСМ, а 50 илјади земјоделци ја примаат. Еве ја уредбата од 2024 година, страна 27, а еве ја и уредбата од 2025 година, страна 27. Нема ниту еден збор. Истата страна е, се препишано од минатата во оваа година и нема ништо променето.

Меѓутоа, дали во август и септември ќе ги добијат земјоделците токму овие субвенции – кога почнува сезоната, кога ќе биде берба и во овоштарство и во лозарство, во сите сектори, тогаш ќе биде потребна зелена нафта. А бидејќи не ви е објавена, а ги знам роковите, прашањето е дали земјоделците навреме ќе добијат картички за зелена нафта? Знаеме колку време ќе им треба на фирмите за да ја подготват документацијата, знаеме кои се законските рокови. И дали учениците ќе ја добијат здрав оброк – ќе биде реализирана оваа програма?

Последни вести