fbpx

Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за јавна администрација, Горан Минчев, а се однесуваше на систематизација за вработување лектори по македонски јазик.

Во продолжение интегрален текст на прашањето

Почитуван господине Минчев,

Членот 6 став (1) од Законот за употребата на македонскиот јазик пропишува задолжителна употреба на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во работата на органите на законодавната, извршната и судската власт, јавните установи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите правни лица основани со Устав и со закон.

Во таа насока, членот 9 од истиот закон изречно предвидува дека во наведените институции задолжително треба да се вработат лектори по македонски јазик, со цел да се обезбеди стручна лингвистичка поддршка, да се гарантира правописна и граматичка исправност на службените документи и да се спроведе обврската за лекторирање како што е предвидена со член 7 од законот.

Дополнително, член 41 став (2) од законот утврдува дека рокот за исполнување на оваа обврска е една година од денот на влегувањето во сила на законот, што значи дека сите институции имаат ограничен временски период за усогласување со оваа законска норма.

Со оглед дека Законот е донесен на 26 јануари 2024 година поминати се сите законски рокови за негова имплетација по ова прашање.

Па моето прашање до Вас е:

Колку органи на државната власт, органи на единиците на локалната самоуправа, јавни установи, институции и правни лица основани со закон досега имаат поднесено барање за проширување на актите за систематизација со цел вработување лектор по македонски јазик, колку од нив добиле одобрение, во колку институции веќе е реализирано вработувањето и кои институции сè уште немаат преземено активности во таа насока, имајќи ја предвид законската обврска утврдена во член 6 став (1) и член 9 од Законот за употребата на македонскиот јазик („Службен весник на РСМ“ бр. 21/2024)?

Минчев, не одговори.

Последни вести