fbpx

Вистински рамномерен регионален развој во Македонија ќе спроведе новата одговорна Влада на граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вистински рамномерен регионален развој во Македонија ќе спроведе новата одговорна Влада на граѓаните.

Граѓаните на Македонија знаат дека досегашната власт во заминување се интересираше само за криминални тендери, а ги остави без основните услови за живот.

Преку Бирото за регионален развој од 2007 година до сега, власта во заминување реализираше само 14 милиони евра за оваа намена, само 3 милиони евра се предвидени за 2017 година.

За споредба, за криминалниот проект Скопје 2014 власта на Груевски потроши над 630 милиони евра.

Затоа Владимир Пешевски кој е дел од ваквиот начин на владеење нема никакво право да ветува што било на граѓаните на оваа тема.

Граѓаните знаат дека само нова реформска влада, којашто ќе води реални политики, може да се грижи и ќе се погрижи за нивните реални потреби. Затоа мнозинството граѓани гласаа за промени и затоа е потребно што побрзо волјата на граѓаните да се преточи во институциите. Од тоа зависи квалитетот на живот на сите граѓани и развојот на Република Македонија.

 

Скопје, 03.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести