Соопштение за јавност
Над 612.000 луѓе дадоа поддршка за промени, правда и живот.
Македонија оди напред. Заврши времето на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Разбирлив е стравот на Никола Груевски и на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност и од затвори, но на тоа мора да мисли секој кој краде пари на граѓаните и нанесува зло дела.
Никој повеќе за партиски и лични интереси нема да ги става на пазар и во ризик животите на граѓаните и државните интереси на Македонија.
Република Македонија ќе биде правна држава, со квалитетен животен стандард, едно општетство за сите, земја на еднакви граѓани со евро-атлантски перспективи.
Македонија е зрела за нови одговорни политичари со визија и идеја, посветени на реални политики. Демократските процеси се почнати и назад нема.
Скопје, 17.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА