Соопштение за јавност
Порачуваме дека Министерството за одбрана е должно да каже дали со пари на граѓаните е платена посетата на Зоран Јолевски на САД! Таа посета, при којашто Јолевски се сретна со американскиот конгресмен Дејна Рохрабакер, кој ја даде контроверзната изјава за распад и поделба на Македонија!
Ако според официјалните информации, посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети?
Министерството за одбрана го избегна одговорот на ова прашање. Дали тоа значи дека признава дека посочената посета на Јолевски на САД е платена со пари од граѓаните?!
“Приватниот дел“ на посетата на министерот за одбрана Јолевски упатува дека тој од позиција на министер лобирал и за партиски интереси.
Не смее пари од Буџетот да се користат за партиски активности!
Ако посетата на Јолевски е платена со пари од граѓаните, тогаш Министерството за одбрана е должно да каже и со кој друг се сретнал Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби? Дали јавноста во Македонија треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски?
Преклопувањето на државни со приватни агенди, како оваа, е уште еден пример на партизацијата на државните институции во десетогодишното несовесно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за што ќе има одговорност.
Граѓаните затоа избраа промени. И затоа мора да има нова одговорна Влада којашто ќе обезбеди независни институции и стабилност на државата.
Скопје, 17.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА