Соопштение за јавност
Никола Тодоров заедно со Никола Груевски го уништи здравството во Македонија и го доведе во сериозни ризици здравето на граѓаните и за тоа ќе има одговорност.
Европскиот здраствен индекс (ЕХЦИ), едно од најрелевентните истражувања за Европската комисија, за 2016 година покажа дека Македонија е трета во Европа по стапката на преживување на болни од малигни заболувања! Тоа се гледа во графиконот во прилог!
Како и би било поинаку кога 10 години граѓани болни од рак немаат достапни современи терапии затоа што за Тодоров и за Груевски беа поважни гипс картоните од 630 милиони евра за Скопје 2014, грамандното знание за нивното партиско седиште ВМРО-ДПМНЕ, тешко, според некои проценки до 30 милиони евра. Па и милионските тендери за наводна медицинска опрема од коишто корист има само во џебовите на криминалната власт.
И сега кога се составува новото парламентарно мнозинство, затоа што граѓаните така избраа, Тодоров и Груевски несовесно изнесуваат кого ќе стигнат на прес конференции, да зборува за нови лекови против рак во иднина?!
Посебно што нестанува збор за нови лекови туку за генерации на лекови стари и над 10 години!
Лекот Сорафениб за карционом на црн дроб е во употреба веќе 10 години. Оксалиплатин е 21 година во употреба. Бевацизумаб е лек со лиценца од пред 11 години.
Безобразно, срамно и недозволиво е однесувањето на Никола Тодоров и здравствените власти!
Да мислеа тие на граѓаните болни од рак, ќе им ги донесеа лековите на луѓето пред 10 години.
Порачуваме веднаш да престанат манипулациите на Никола Тодоров и на неодговорната власт во заминување на ВМРО-ДПМНЕ со оваа ранлива категорија граѓани. Тие знаат што оваа власт можеше, а не направи за нив и недозоволиво е да ги вознемируваат со потценувачки најави.
Обезбедувањето ефикасни и безбедни лекови, со проверен квалитет мора да биде обврска за секоја сериозна Влада и таа обврска ја презема новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.
Скопје, 16.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА