fbpx

Честитка од Заев до новиот германски претседател Штајнмаер во име на граѓаните на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до новиот претседател на СР Германија, Франк – Валтер Штајнмаер.

„Ви го честитам изборот за нов претседател на СР Германија во име на граѓаните на Р.Македонија, на Социјалдемократскиот сојуз и во свое лично име.

Ги поздравуваме заложбите што ги искажавте по изборот, за слобода и демократија во една обединета Европа, како важен импулс на охрабрување за земјите кандидатки за ЕУ, како што е Република Македонија.

Германија има важна улога за развојот, стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион.
Граѓаните на Македонија силно го почитуваат вашиот личен придонес и придонесот на СР Германија за обнова на демократските процеси во Р.Македонија како и поддршката на евро-атлантските перспективи на нашата држава.

Како добар пријател на Р.Македонија и како претседател на земјата пријател на Македонија, СР Германија, очекувам дека во таа насока ќе ја продолжиме и ќе ја развиваме нашата соработка“.

Скопје, 13.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести