Повик за пријавување: 18-ти Летен камп на Социјалдемократската младина на Македонија
СДММ во соработка со Прогрес Институтот за социјална демолратија и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, го најавува 18-тиот традиционален Летен камп – „Трајче Нешковски“ под мотото “Камп на почетоци, другарство и идеали”, единствена можност за млади ентузијасти да се вклучат во динамично учење, вмрежување и забава!
Датуми: 14-17 август 2025 година.
Локација: Охрид
Кој може да аплицира?
Оваа година, возбудени сме што ќе ги отвориме вратите само за учесници кои до сега не ја почувствувале магијата на Летниот камп на СДММ! Доколку претходно не сте присуствувале на нашиот Летен камп, ова е вашата шанса да се придружите на енергичната заедница на млади, посветени на социјалдемократските вредности и промени во општеството.
Што да очекувате?
* Работилници водени од експерти на теми како што се лидерство, социјална правда и одржлив развој;
* Интерактивни дискусии и активности дизајнирани да ги подобрат вашите вештини и да ги прошират вашите перспективи;
* Заедно со други млади лидери, активисти и професионалци од цела Македонија;
* Уживање во мешавина од едукативни и рекреативни активности во прекрасен амбиент.
Критериуми за учество
* На возраст помеѓу 18 и 29 години;
* Да е член на СДСМ односно СДММ;
* Да верува и да ги споделува социјалдемократските вредности;
* Да не учествувал на претходните летни кампови на СДММ.
Како да се аплицираш?
Вашата апликација, Мотивационо писмо и кратка биографија ги испраќате на
https://forms.gle/WczoXz39jgTq67ru7
1. Мотивационо писмо: Објаснете зошто сакате да учествувате и како планирате да го искористите стекнатото искуство.
2. Кратка биографија: Ваша кратка биографија или резиме од досегашното стекнато образование, професионално и партиско искуство.
Краен рок за аплицирање
Сите апликации треба да се испратат најдоцна до 24 јуни 2025 година. Задоцнетите апликации и апликациите коишто не ги исполнуваат основните критериуми, нема да бидат разгледани.
Процес на селекција
Изборната комисија ќе ги разгледа сите апликации и ќе ги извести избраните кандидати најдоцна до 30 јуни.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да се надградувате, учите и да се поврзете со други млади поединци. Аплицирајте веднаш и бидете дел од промената што сакате да ја видите!
За повеќе информации, контактирајте го/ја Вашиот претседател/ка на Локалниот клуб на СДММ или членовите на Извршниот одбор и раководството на СДММ.
Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде на 18-тиот летен камп на СДММ!