Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево имаше средба со амбасадорот на Република Франција во Р.Македонија, Кристијан Тимоние.
На средбата е заеднички констатирано дека од клучна важност за стабилноста на Македонија е развој на демократските процеси во државата и рестарт на европската агенда.
Претседателот Заев го информираше францускиот амбасадор за разговорите околу обезбедувањето мнозинство за формирање Влада.
-Работиме на обезбедувањето мнозинство и очекуваме дека ние ќе го добиеме мандатот да ја формираме новата Влада во Р.Македонија, рече претседателот Заев.
Тој додаде дека мнозинската волја на граѓаните е промени и евро-атлантска иднина на државата и дека платформата на СДСМ е поставена водејки се од овие цели.
-Важно е Владата да се формира брзо и да биде реформска.Темел на платформата на СДСМ се извештаите на Прибе и на Европската комисија. Граѓаните избраа квалитетен живот, правда, еднаквост и новата Влада е должна да ги спроведе неопходните реформи, и во духот на демократијата да ја врати независноста на институциите, рече претседателот Заев.
Претседателот Заев посочи дека СДСМ е определена кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и законите, спротивно на беззаконието и кршењето на Уставот од страна на Ѓорге Иванов и на досегашната власт, како и дека клучот за стабилност на Македонија е развој на државата во праведно и правично општество со еднакви шанси за сите.