fbpx

Груевски е поразен од мнозинството граѓани, не може да залажува ни во ВМРО-ДПМНЕ!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски не може да ја смени волјата на над 612.000 граѓани кои избраа живот наспроти режим.

Меѓу нив се и граѓаните на Струмица кои на предвремените парламентарни избори јасно рекоа НЕ за притисоците, уцените, рекетот, малтретирањата, за што слушна цела јавност преку проектот Вистината за Македонија.

Оттука единствениот поразен е Никола Груевски, кој заминува во политичката историја. Калкулациите за кои не избира ни начин и ни средства не можат да го спасат и тоа го знае и членството на ВМРО-ДПМНЕ што се обидува да го залажува

Демократските промени во Македонија се незапирливи, тоа го покажаа парламентарните избори и тоа ќе го потврдат престојните локални избори во Македонија.

 

Скопје, 05.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести