Соопштение за јавност
Мерките предложени од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски доаѓаат премногу доцна и се премалку.
Трајановски ќе мора да им одговори на граѓаните зошто три годни не ја прифаќаше мерката што ја предложи СДСМ за бесплатен автобуски превоз, туку чекаше отровниот воздух да го загрози нивното здравје и посебно здравјето на децата.
Денешниот потег на Трајановски потврди дека криминалната власт на којашто и припаѓа нема системски политики за справување со загадувањето на воздухот, кое што тие го предизвикаа со исечените зеленила и паркови и непланските градби за бизнис интереси.
На граѓаните итно им се потребни нови одговорни власти коишто системски ќе ги решаваат нивните реални проблеми и потреби, како што е загадувањето на воздухот.
06.02.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА