Соопштение за јавност
Делегација на СДСМ во состав Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и Диме Велковски, претседавач со Централниот одбор на СДСМ, денеска оддаде почит на националниот херој и револуционер Гоце Делчев.
И по 145 години од неговото раѓање, делото на Гоце Делчев останува цврст мотив за сегашните и за идните генерации за слобода, еднаквост, правда, како темелни вредности на мирот и просперитетот на Република Македонија.
Социјадемократскиот сојуз на Македонија одлучно стои зад овие вредности, за што говорат и нашите определби за заедништво помеѓу граѓаните и економски напредок и добар живот за сите.
Заложбите на големиот визионер Гоце Делчев за кутлурен натпревар помеѓу народите се и наша обврска во тој дух да ја развиваме Република Македонија како дел од светот.