fbpx

Ќе мора да одговори Миноски за што во 2016 ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски , ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година.

Тоа значи дека секој месец од 2016, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра!

Со 40 милиони евра, за само еден месец ќе можеа да се изградат 133 градинки во Македонија!

Ако власта во заминување на ВМРО-ДПМНЕ штедела за граѓаните, како што Груевски знаел да штедел на личните штедни книшки за шест месеци и износот од 240 милиони евра ќе се изградеа најмалку 3 нови клинички центри во Македонија!

Со целото задолжување од 484 милиони евра ќе беа изградени Чебрен и Галиште, со што Македонија немаше да биде зависна од најскапиот увоз на струја оваа зима, а граѓаните немаше да плаќаат високи сметки за струја.

Поради сето ова итно е потребна нова Влада што ќе води реални политики според потребите на сите граѓани на Македонија.

Ќе има одговорност за сите злоупотреби на парите и на интересите на граѓаните.

 

Скопје, 03.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести